19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАпликацијата Smartify: Shazam за уметнички дела

Апликацијата Smartify: Shazam за уметнички дела

Виртуелната реалност влезе на голема врата во секојдневниот живот. Постојат се повеќе апликации кои го користат овој систем за да ни ја олеснат визуелизацијата на работите во просторот или да ни помогнат да создадеме нешто ново. Сепак, апликацијата Smartify има целосно поинаква задача – таа ќе ве направи попаметни.

Како што апликацијата Shazam ја препознава музиката која во моментот се интерпретира, Smartify истото тоа ќе го направи со уметничкото дело.

Доволно е да ја преземете апликацијата на својот паметен телефон, да ја вклучите, да ја насочите камерата кон уметничкото дело и на екранот ќе се појави името на тоа делo, краток опис, па дури и кратка аудиокритика за тоа дело.

Smartify соработува со повеќе од 30 музеи ширум светот, како оние најпознатите, така и оние помалку познати, но еднакво интересни.

Иако на користењето на паметните телфони во музеите не се гледа како на културно дело, сепак оваа апликација ќе ви помогне да дознаете се што ве интересира за некој од експонатите.

Ако некој ве опомене, секогаш можете да му покажете дека не го фотографирате делото, туку дека учите за него.

За жал, меѓу музеите со кои е здружена Smartify засега нема ниту еден регионален, но тоа во иднина може ќе се промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП