17 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои се лоши клиенти и како да побегнете од нив?

Кои се лоши клиенти и како да побегнете од нив?

klient1

Лош клиент не е само клиентот кој не плаќа на време. Има такви кои прават проблеми и комплицираат и кога нема потреба од такво нешто, критикуваат нешто, а и самите незнаат што и зошто, полни се со ветувања кои остануваат само ветувања. Соработката со вакви клиенти претставува вистинска ноќна мора.

Како навреме, на самиот почеток, да процените дали клиентот е лош избор? Ова се сигурни знаци. Ако ги препознаете, бегајте што подалеку од таква соработка.

Премногу ја критикуваат вашата поранешна работа

Ниту учествувале во неа, ниту се запознале со деталите. Имаат ли право да критикуваат? Замислете си како само ќе ја критикуваат вашата идна соработка.

Сакаат „едноставни“ и „прости“ проекти

Ова посебно се однесува на веб дизајнот и дизајнот воопшто. Со тоа што инсистираат на едноставност, тие всушност сакаат производот да ги чини што поевтино. Објаснете им детално како ќе тече процесот, колку труд треба да вложите до финалната верзија. Ако разбираат и прифаќаат, можете да соработувате. Ако не, бегајте!

Ветувања за идна соработка

И ова е еден од начините за намалување на цената. Ваквите ветувања најчесто велат: „Сега спуштете ни ја цената, па ќе соработуваме во иднина“. Кој ви гарантира дека и понатаму ќе соработувате? Ако сега ја спуштите цената, дали тој иден проект ќе го наплатите реално или повторно со попуст?

Неодредени, нејасни, „во облаци“

Кога клиент ви бара производ или проект кој ќе „гази“, „ќе биде најдобар“, „револуција“, а притоа не кажува ништо конкретно, не наведува детали, ова може да значи дека е сигурен знак дека соработката ќе биде само губење време и пари.

Клиент кој знае се

Со таквите нема преговори, тврдоглави се и го имаат целиот памет од овој свет (посебно се стручни во тоа што го работите вие). Ако имате „челични“ нерви и безгранично трпение, соработувајте. Инаку, успешните професионалци мораат секогаш да бидат отворени за нови идеи и сакаат да слушнат туѓо мислење.

Невозможни рокови

Тоа се оние рокови опишани како „ШТО ПОБРЗО“. Роковите се работа за заеднички договор. Клиентот може да бара да го завршите проектот до утре. Негово право. Но, тоа нема врска со реалноста. Побарајте аванс. Објаснете зошто ви се потребни толку пари. Ако прифати, можете да размислувате за продолжување на соработката.

Клиенти кои исчезнуваат 

Некогаш не можете да ги добиете на телефон, не одговараат на пораки, ги нема. Имате дилеми околу проектот и ви треба нивна помош, а нив ги нема. Ако се случи нешто вакво, смирено и сигурно „спакувајте си ги куферите“ и бегајте од ваква соработка. Како ли ќе ги добиете кога ќе дојде рокот за исплатата?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП