25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА4 работи кои работодавците сакаат да ги знаете кога пишувате CV

4 работи кои работодавците сакаат да ги знаете кога пишувате CV

На големите конкурси, каде што пристигаат неколку стотици пријави, сите CV се скенираат, бидејќи работодавците немаат време да го читаат секој детал во работните биографии.

Еве неколку инсајдерски трикови од некој кој досега тестирал над стотина канидати и советувал над илјадници вработени, пишува Money.usnews.

1. Работодавецот прво гледа дали моментално ја работите работата за која аплицирате

Можеби не е фер, но тоа е реалност. Повеќето менаџери сакаат да вработат некој кој е веќе на истата или слична позиција, но стратешки сака да премине во друга компанија. Кандидатите на кои следен логичен чекор им е токму таа позиција, се втор избор. Колку и да е добро напишано CV-то, нема да ве доведе до интервју ако не сте работеле барем на слични работни места.

2. CV-то кое почнува со вашите вештини не е добро

Во моментов, релевантното искуство секогаш треба да биде на прво место. Работодавецот го интересира што работите сега и што сте работеле претходно, па обратната хронологија во работното искуство е идеално решение. Ако CV-то го започнете со тоа кои се вашите вештини и квалитети, тоа нема да ве однесе на добар пат.

3. Искуството мора да биде свежо

Ако деловните вештини кои се бараат не сте ги користеле во последните неколку години, би требало да ги освежите, или да пробате некои од курсевите. Не е секогаш можно да го работите токму она што се бара, но добро решение е и онлајн образованието, сертификатите, вклучувањето во професионалните асоцијации, но и волонтерската работа.

4. Вашето CV треба да ве одведе до интервју, а не до тоа да бидете вработени

Работодавците ги скенираат биографиите и донесуваат одлука кого ќе контактираат. Оние CV кои не содржат релевантно искуство или имаат граматички или правописни грешки, ќе бидат веднаш исфрлени. И додека не можете да го промените своето искуство, имате контрола над содржината и форматот на своето CV. Прилагодувањето и уредувањето е клучно. Кога ќе разберете што се бара од одредена позиција, ќе знаете како да го уредите CV-то кое ќе одговори на тие барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП