29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го потиснува традиционалното лондонско такси

Mercedes го потиснува традиционалното лондонско такси

Иако Англичаните многу држат до традицијата, сепак Mercedes е тој кој во 2017 година продаде повеќе возила наменети за такси службата во Лондон, во споредба со исконичниот, ретро дизајниран модел TX4 кој го произведува London Taxi Company, според кој британската престолнина веќе со децении е препознатлива.

Во периодот јануари-август, за потребите на унифицираните такси возила набавени се 489 примероци од Mercedes Vito, додека во истиот период испорачани се 399 единици од моделот TX4.

Инаку, TX4 го изработува London Taxi Comapny, која, за иронијата да биде поголема, во моментов исто така е во сопственост на странци, односно на кинеската компанија Geely.

Во проценти, испораките на Mercedes сочинуваат 55,1 проценти од учеството во новите лондонски такси возила во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП