24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСокриен рај во северниот дел на Тајланд (фото)

Сокриен рај во северниот дел на Тајланд (фото)

Бевте ли на одмор оваа година?

Дури и ако сте биле, немојте да се распакувате. Топло ви препорачуваме да го посетите Anantara Chiang Mai Resort, кој се наоѓа во северниот дел од Тајланд и дефинитивно ќе ве наведе да сакате да останете тука до крајот на животот.

Сместен во близина на брегот на реката Мае Пинг, со својата спектакуларна локација веднаш ќе ви се вовлече под кожа.

Излежувањето во удобниот кревет со часови или пак уживањето во утринското кафе на приватниот балкон на совршен начин ќе ве подготви за еден незаборавен ден во рајот, а и релаксирањето во ложата на лобито на ова одморлалиште ќе ве доведе во вистинско расположение за опуштање.

Нудејќи ни фантастична мешавина од традиционалниот тајландски и шармантниот колонијален стил, ова одморалиште со своите гости ќе ви посака добредојде во 52 супериорни соби и 32 луксузни апартмани, со елегантен мебел и префинети погодности.

Тука е прекрасниот Bar & Cigar, префинетиот Anantara Spa центар, кул фитнес центарот кој ви дава дополнитлена можност за уживање во часовите јога.

Во самата околина на одморалиштето постојат многу прекрасни нешта и активности кои чекаат на вас, ако се одлучите да излезете надвор од овој рај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП