28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто сте најнепродуктивни по паузата за ручек

Зошто сте најнепродуктивни по паузата за ручек

Се чувствувате поспано по паузата за ручек со колегите? Ако одговорот е потврден, со вас се е во ред. Тоа е всушност знак дека вашиот внатрешен часовник работи како што треба и дека нивото на шеќер во крвта добро реагира на храната која штотуку сте ја изеле.

Дури иако не сте се вратиле од ручек, попладневниот пад на енергијата е и понатака природна работа бидејќи е сосема вообичаено да сакаме да заспиеме седум часа по будењето.

За жал, во текот на работната недела тоа е речиси невозможно. Но постојат неколку совети кои би можеле да бидат од корист и кои можете да ги примените веќе утре.

1. Јадете во здраво време

Обидете се да избегнувате да јадете премногу доцна во текот на работниот ден. Доцнииот ручек само ќе ја влоши вашата поспаност.

2. Прошетајте

Поточно, шетајте за време на паузата со оглед на тоа дека тоа е единственото нешто што можете да си го дозволите во текот на работното време. Тоа ќе ве разбуди, ќе ви го зголеми нивото на енергија, но и ќе ја поттикне вашата продуктивност.

3. Избегнувајте го шеќерот

Шеќерот може да и даде повремен поттик на вашата енергија, но потоа следи нагло опаѓање. Држете се до целите житарки и до протеините.

4. Паметно бирајте ја паузата за кафе

Избегнувајте пиење на кафе во исто време, но би било добро паузата за својот омилен напиток да ја направите меѓу 9:30 и 11:30, препорачуваат експертите. Попладневното кафе лошо ќе влијае на вашиот сон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП