19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама: Неподигнување на границата за задолжување ќе наштети на САД

Обама: Неподигнување на границата за задолжување ќе наштети на САД

obama

Американскиот претседател Барак Обама, во понеделникот го предупреди Конгресот дека одбивањето за подигање на границата за американското задолжување во февруари, може да ја турне земјата во економски хаос.

Обака рече дека американската економија ја чека добра година ако во неа не се меша вашингтонската политика.

Според неговите зборови, републиканското одбивање за подигање на границата за задолжување ќе го донесе САД во неможност за отплата на своите долгови и би можело да ја одведе државата во рецесија.

,,Сами ќе си нанесеме рана во сопствената економија”, рече Обама.

Обама истакна, како веќе се согласи на голем број ограничувања за трошење, а републиканците кои бараат големи кратења во трошењето да се согласат за подигање на границата за задолжување.

,,Довербата на американскиот народ не е средство за преговори”, рече тој на последната конференција во првиот мандат.

Тој рече дека ,,САД не е држава која не си ги плаќа своите долгови”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП