25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДесетте лоши навики на возачите

Десетте лоши навики на возачите

Distracted dangerous driving

Дали сте дел од оние кои ги прават сите десет грешки зад воланот? Време е да проверите.

Користење на мобилниот телефон.

Казните за користење на мобилен телефон во возење исто така се големи, но тоа што е многу важно што со оваа навика го ризикувате својот живот, без разлика дали барате нешто на интернет, праќате пораки или електронска пошта или повикувате некого.

Не врзувате појас.

Безбедносниот појас служи да го заштити торзото и предниот дел од телото на возачот и сувозачот, па поради тоа веднаш кога ќе влезете во автомобил, врзете се! На тој начин ќе се заштитите себеси и сувозачот.

Пушење, пиење пијалоци или јадење храна.

Се што ви го отргнува вниманието при возењето или ви пречи при возењето, може трајно да ви наштети.

Пребрзото возење.

Една од најопасните навики, а истражувањето покажува дека дури 25 проценти од сообраќајните незгоди се случуваат поради пребрзото возење.

4e73f50a4abeee922bf16f381428b563

Вклучување на електричните уреди во автомобилот.

Пребарувањето на достапни радио станици, пуштање ЦД, вклучување на климата и многу други работи можат да бидат навистина опасни навики додека го управувате автомобилот.

Недавање сигнал дека вртите.

Доколку го менувате правецот во друга лента или се престројувате, а не ги вклучувате трепкачите можете многу лесно да предизвикате сообраќајна незгода.

Користење на огледало.

Гледање во огледало е многу честа навика,особено на пат кон работа кога проверуваме како изгледаме наутро.

Непрописно растојание.

Многу често возачот пред вас вози преспоро, потрудете се да бидете на прописно растојание. Доколку е возможно заобиколете го, доколку не опуштете се и причекајте ја првата прилика и бидете трпеливи.

Користење на звучни сигнали.

Доколку многу често ја користите сирената имајте во предвид дека таа може да биде многу иритирачка за останатите учесници во сообраќајот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП