23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 8 има послаба батерија од „седмицата“, но...

iPhone 8 има послаба батерија од „седмицата“, но…

Новите iPhone модели се подобри од нивните претходници речиси во се – освен по капацитетот на батеријата.

Според официјалната спецификација, iPhone 8 има батерија од 1.821 mAh, за разлика од досегашните 1.960 mAh кај iPhone 7.

iPhone 8 Plus, сепак, ќе стигне со батерија од 2.675 mAh, за разлика од 2.900 mAh каква што е батеријата во iPhone 7 Plus. Сепак, Apple, тврди дека корисниците на новите уреди ќе можат да ги користат своите уреди со идентично траење, односно како претходниот модел.

Спецификацијата покажува и дека iPhone 8 стигнува со 2GB рам меморија, додека iPhone 8 Plus крие 3GB. Во секој случај, повеќе за тоа ќе дознаеме кога првиот уред и физички ќе се расклопи, што традиционално го прави тимот на iFixit.

Конкурентите на Apple, како Google и Samsung, сепак, играат на приоритетот за силни батерии. Pixel и Pixel XL од минатата година така стигнуваат во капацитет од 2.770 mAh и 3.450 mAh, додека Galaxy S8 I S8 Plus имаат 3.000 mAh и 3.500 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП