25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКреш-тестот кој го смени погледот на безбедноста во возењето (фото)

Креш-тестот кој го смени погледот на безбедноста во возењето (фото)

Оваа година навршуваат две децении од основањето на „EuroNCAP“ и од неговите први „креш-тестови“, кои во меѓувреме значајно влијаеа на зголемувањето на безбедноста на новите модели на автомобили на европскиот пазар.

Независната организација за испитување на безбедноста на автомобилите кои се продаваат во Европа, започна со работа во 1997 година.

Досега, на „креш-тестовите“ се најдоа преку 1.800 модели на возила, а „EuroNCAP“ тврди дека благодарение на корекциите на автомобилите кои се извршени по нивна сугестија, спасени се повеќе од 78.000 животи.

Еден од првите тестови кој претставувал пресвртница во перцепцијата на безбедноста на автомобилите, беше оној на кој катастрофално помина „Rover 100“.

Треба да се напомене дека овој модел, кој е всушност редизајн на „Rover Metro“ од 1997 година, веќе подолга низа години беше присутен на пазарите, а концепциски влечеше корени од 1970-тите, слично како „Yugo“-то. Тестот на фронтален судир е изведен при брзина од „само“ 48 км/ч, но ги откри сите мани и застареноста на конструкцијата на „Rover“.

На забавената снимка се гледаат застрашувачки деформации на кабината на возилото после ударот во неподвижната препрека и укажуваат на тешки повреди на фиктивниот возач (креш-тест кукла), и покрај предното воздушно перниче, кои лесно можат да доведат до смртен исход:

„Rover 100“ според критериумите од 1997 година бил единствен модел кој таа година на „EuroNCAP“ тестот бил оценет со само една, од можни пет ѕвезди за безбедност на возачи и совозачи.

Лошиот впечаток кој го остава оваа видео кај гледачите, влијаело на тоа производителот да го повлече споменатиот автомобил од продажба, после 18 години, колку што поминал на пазарите во различни верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП