20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCadillac XTS доби нов мотор

Cadillac XTS доби нов мотор

97925-cadillac xts 1

„General Motors“ во ноември 2011-та година на Саемот за автомобили во Лос Анџелес и официјално го претстави новиот „Cadillac XTS“ кој сега доби проширена палета на мотори.

„XTS“ прво беше претставен со 3.6 литарски V6 агрегат кој развива 303KS и вртежен момент од 358 Nm  кој беше во комбинација со „Hydra-Matic 6T70“ шестостепен автоматски менувач.

Сега на купувачите им е понуден и 3.6 литарски V6 „twin-turbo“ мотор со 306 kW/410KS и 500 Nm вртежен момент кој моментално се наоѓа во понудата на моделот CTS.  Со тоа XTS доби послаба верзија за 10KS и 82 Nm.

„Cadillac XTS“ со новиот турбо мотор има и малку поразлична решетка на предниот дел од возилото, а исто така оваа лимузина е со должина од 5131 mm, а меѓуосовинското растојание изнесува 2837 mm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП