19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку е отпорен новиот iPhone 8? (видео)

Колку е отпорен новиот iPhone 8? (видео)

Како можете да знаете дали смартфонот кој сакате да го купите, а кон не припаѓа во категоријата најевтини, е отпорен на гребаници, свиткување, палење, лесно кршење….

Секој производител во декларацијата ќе наведе дека неговиот уред е отпорен на се и сешто, иако реалноста често дополнително ќе ви го покаже токму спротивното. За среќа, постојат ентузијасти, кои на сите можни и неможни начини ги тестираат најновите уреди кои се појавуваат на пазарот.

Еден од најпознатите е Зак Нелсон познат како YouTuber по називот JerryRigEverything.

Како што и самото име говори, Џери на својот канал сите познати уреди ги става на екстремни тестови кои откриваат дали тие се отпорни на гребаници, удари, отворен оган, дали ќе пукнат коа ќе се обидете да ги скршите и слично.

Досега тестирал 75 уреди од разни производители, а последниот беше iPhone 8.

Дали новиот телефон на Apple ќе го помине овој супер тежок тест? Погледнете…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП