20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон вбризгува 60 млрд евра во економијата, ова е планот...

Макрон вбризгува 60 млрд евра во економијата, ова е планот…

Франција ќе инвестира 57 милијарди евра во модернизација на сопствената економија, изјави францускиот премиер Едуар Филип.

Тие средства ќе бидат инвестирани во период од пет години и се поголема сума од 50 милијарди евра кои претседателот Емануел Mакрон ги споменуваше кога беше избран за претседател во мај, пренесува агенцијата Франс прес.

Најавената инвестиција, според зборовите на премиерите, ќе има поширок ефект на новата реформската програма на владата, со кој се предвидени измените на Законот за труд со цел намалување на високата стапка на неврботеност од 9,5 проценти.

„Дваесет милијарди евра ќе бидат искористени за финансирање на транзицијата кон „позелена“ економија, од кои девет милијарди евра ќе отидат на изградба на енергетски ефикасни згради, а седум милијарди за развој на обновливите извори на енергија“, изјави Филип.

Владата, како што додаде, ќе потроши девет милијарди евра на дигитализација на јавниот сектор, на обука и образование 15 милијарди евра, а 13 милијарди евра на пошироки иновации.

Еден дел од средствата, како што е соопштено, ќе дојдат од претсојниот буџет на министерството, а еден дел од Европската инвестициона банка ЕИБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП