18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција за малку ќе беше избркана од ЕУ, а сега добива признанија

Грција за малку ќе беше избркана од ЕУ, а сега добива признанија

Грција излезе од постапката за прекумерен дефицит, која продолжи да се води против три земји – Британија, Шпанија и Франција, соопшти Европската комисија.

„Најновата одлука, која вчера формално ја одобрија владите на земјите на ЕУ, е признание за огромните напори и жртви кои грчкиот народ ги поднесе за да ја поврати стабилноста на своите јавни финансии“, изјави европскиот комесар за економски прашања Пјер Московиси, пренесува агенцијата Франс прес.

„Ваквиот пресврт нема паралела во Европа“, додаде тој.

Буџетскиот дефицит на Грција во 2009 година надминуваше 15 проценти од БДП, што ја покрена кризата која речиси ја „истурка“ оваа земја од еврозоната.

После три болни пакети помош, Грција минатата година постигна изненадувачки суфицит еднаков на 0,7 проценти од БДП.

На врвот од должничката криза во 2011 година, во постапката за прекумерен дефицит беа 24 земји, наведува АФП, потсетувајчи дека, според прописите на ЕУ, на членките на еврозоната не им е дозволено нивниот дефицит да надмине 3,0 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП