29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„ЕВН“: Воведувањето евтина тарифа ќе оди етапно

„ЕВН“: Воведувањето евтина тарифа ќе оди етапно

Од „ЕВН Македонија“ наведуваат дека од денеска почнуваат со воведување на евтината тарифа на секое броило поединечно по направените подготовки за имплементација.

Воведувањето на евтината тарифа ќе оди етапно, во зависност од читачката група на која припаѓа корисникот.

Од „ЕВН“ велат дека приспособувањето на секое поединечно броило е мануелно, за што е потребен физички контакт со секое броило од страна на екипите на „ЕВН“ во времетраење од 45 секунди до една минута, во зависност од типот на броило. На дисплејот на броилото на кое е приспособена евтината дневна тарифа во периодот од 14 до 16 ч од понеделник до сабота ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2. Нагодувањето на сите достапни броила за мерење по новата тарифа би требало да се заврши до крајот на октомври.

Од компанијата наведуваат дека во наредниот период 800.000 броила низ територијата на цела држава ќе бидат приспособени на новата дневна евтина тарифа согласно со одлуката на Владата на РМ и РКЕ. Тоа значи дека покрај стандардната ноќна евтина тарифа од 22 ч до 7 ч и целодневната евтина тарифа во недела, корисниците ќе добијат и дневна евтина тарифа во периодот од 14 ч до 16 ч секој работен ден и сабота.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП