29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар во ПСЖ заработува по 4.000 евра на саат

Нејмар во ПСЖ заработува по 4.000 евра на саат

Сајтот „Фудбал ликс“, специјализиран за откривање на „тајните“ на фудбалскиот пазар, дошол до сознанија колку Нејмар заработува во ПСЖ. Сознанијата на „Фудбал ликс“ ги објави германскиот весник „Шпигл“.

ПСЖ на Барселона за Нејмар и плати 222 милиони евра, што преставува апсолутен рекорд во фудбалот.

Меѓутоа не е само оваа цифра рекордна во трансферот на Бразилскиот напаѓач. Имено „Футбал ликс“, тврди дека Нејмар дневно има гарантирани 100.000 евра! Ова значи дека тој месечно заработува повеќе од три милиони евра, или 4.000 евра секој час.

Овие цифри можат да бидат и поголеми, бидејќи доколку Нејмар ги оствари сите бонуси од договорот со ПСЖ, тогаш тој може да заработи 57 милиони евра годишно.

Нејмар во досегашните шест натпревари за ПСЖ има постигнато пет гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП