19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогов: Политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко...

Богов: Политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст годинава

Продолжената политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст оваа година, по падот во првата половина, изјави гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов во интервју за агенцијата Ројтерс, додавајќи дека нашите превидувања од април за економски раст од 2,5 проценти очигледно биле премногу оптимистички.

Тој натаму нагласува дека имајќи предвид оти во првата половина од оваа година македонскиот БДП забележа пад од 0,9 отсто, би „бил среќен ако оваа година ја завршиме со позитивен економски раст“.

Британската агенција потсетува дека македонската економија лани оствари раст од 2,4 отсто, но во вториот квартал од оваа година БДП падна за 1,9 отсто, што е негово прво намалување од 2012 година.

Богов во интервјуто натаму наведува дека македонската економија следната година може повторно да бележи раст, доколку се стабилизира политичката ситуација.

– Доколку имаме целосна политичка стабилност и економски политики од новата Влада, можеме да очекуваме растот постепено да се врати на трендот што го имавме пред да западнеме во политичката криза во 2015 година, вели Богов.

Гувернерот на централната банка очекува Владата да продолжи со фискалната консолидација со цел да го стабилизира буџетскиот дефицит, кој се проценува на околу три отсто за оваа година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП