23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИмпозантното одморалиште „Grand Wailea Spa“ (фото)

Импозантното одморалиште „Grand Wailea Spa“ (фото)

Островот Мауи нуди нешто посебно: „Grand Wailea“ одморалиште и спа центар…

Долго по големина колку Хаваjските острови, островот Мауи има понуда од голем број на ексклузивни одоморалишта, меѓутоа, она кое се издвојува е „Grand Wailea“ одморалиштето и спа центар.

Она што би можело да ги привлече посетителите од целиот свет е инвестицијата од 50 милиони долари која е вложена во 780-те прекрасни соби покрај плажа. Соби за гости, вили и „Grand Wailea“ – овој центар има по малку од се и за сечиј вкус.

Исто така, во моментот кога ќе дојдат во одморалиштето, за туристите се обезбедени различни понуди во кои можат да уживаат: од плажата која е многу блиску, „Wailea Canyon Activity“ базенот, па до „Spa Gradne“ која се смета за еден од најдобрите спа центри на островот Мауи. За оние кои се заинтересирани за квалитетни ресторани, се издвојуваат „Humuhumunukunukuapuaa“ и „Amasia“ (кој ги води светски познатиот готвач Алан Вонг).

Од друга страна, оние кои повеќе сакаат активен одмор, во понудата се „Grand Wailea“ фитнес центарот, тенискиот клуб, како и еден од трите голф терени кои им се на располагање на посетителите во секој момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП