19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААко се прашувавте зошто Швеѓаните се таму каде што се

Ако се прашувавте зошто Швеѓаните се таму каде што се

Граѓаните на земјите од ЕУ, во просек работат 35,6 години, што е за 1,8 години подолго отколку во 2006 година.

Според податоците на Евростат, траењето на работниот стаж изразено е зголемено кај жените – во просек за 2,5 години, а кај мажите за 1,1 година. За жените во 2016 година просечниот очекуван работен стаж изнесуваше 33,1 година, во споредба со 30,6 години во 2006 година.

Кај мажите очекуваниот работен стаж минатата година изнесувал 38 години, наспроти 36,9 години во 2006 година.

Показателот за траењето на работниот стаж подразбира број на години во кои некоја личност од 15 години може да очекува дека во текот на животот ќе биде активна на пазарот за труд, вработена или невработена, наведуваат од Евростат.

Меѓу земјите членки на ЕУ, Швеѓаните имале најдолг очекуван просечен работен стаж – 41,2 години, а потоа следат Данците и Холанѓаните со очекуван работен стаж во просек од 40,3, односно 40 години.

Во Велика Британија работниот стаж во просек изнесувал 38,8 години, во Германија 38,1, во Естонија 37,8, а во Финска 37,7 години.

На дното на листата е Италија со очекуван просечен работен стаж од 31,2 години.

Меѓу земјите со просечен очекуван работен стаж пократок од 33 години се: Бугарија – 31,7 години, Хрватска – 32,1 години, Романија – 32,4 години, Грција – 32,5 години, Белгија – 32,6 години, Луксембург и Полска – 32,9 години.

Во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Летонија и Литванија во 2016 година се очекувало дека траењето на работниот стаж ќе биде подолго за мажите отколку за жените. За вкупното зголемување на работниот стаж меѓу земјите членки главно е причината за промена во траењето на стажот за жени, се наведува во извештајот на Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП