19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците ќе продаваат чист воздух од Алпите

Швајцарците ќе продаваат чист воздух од Алпите

Швајцарски стартап флашираше воздух од Швајцарија и како таков ќе го продава на жителите на многу загадените држави и градови како на пример Кина и Индија.

Според податоците на компанијата, воздухот се собира на разни локации ширум швајцарските Алпи и се компресира во аеросолна конзерва. Доаѓа со прицврстена маска за помош при дишењето.

Конзервите воздух чинат 19,95 швајцарски франци (21 долар) и содржат доволно воздух за повеќе од 120 вдишувања, што е доволно за околу десет минути користење.

„Овој производ е за населението кое секојдневно се соочува со страшно загадување кое може да го скрати нивниот живот и да предизвика сериозни здравствени проблеми. Една лименка швајцарски воздух не е одговорот за нивните проблеми, но е убаво што можете да дишете чист, свеж воздух дури и на кратко“, изјави извршниот директор на компанијата Дени Вур.

Директорот на компанијата Дени Вур вели дека очекува неговата компанија да стане „главен играч на новиот пазар за воздух“.

Тој вели дека првата испорака веќе е направена. Исто така, изјави и дека компанијата бара инвеститори со цел да го продолжат и да го олеснат растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП