19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза Меј ја претстави понудата на Британија за излез од ќор-сокакот во...

Тереза Меј ја претстави понудата на Британија за излез од ќор-сокакот во преговорите за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј ги соопшти предлозите за двегодишниот транзициски период по излегувањето на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година.

Таа сака за време на тој период да се применуваат постоечките аранжмани за пристап до ЕУ и вети дека Велика Британија ќе го плати својот „фер удел” во буџетот на ЕУ. Таа рече дека Велика Британија ќе биде „најсилниот пријател и партнер” на ЕУ по Брегзит.

Говорот во Италија беше насочен кон прекин на ќор-сокакот во разговорите за Брегзит.

Договорот што таа го предложи може да вклучува плаќања во вредност од 20 милијарди евра (околу 18 милијарди фунти) во текот на две години.

Премиерката на Британија предложи „нов, храбар стратешки договор” за безбедносна соработка и рече дека е оптимист во врска со „дефинитивниот момент” во историјата на Велика Британија.

За трговијата, таа рече дека двете страни би можеле да направат „многу подобро” отколку да ги применат постојните модели и дека „нема потреба да се наметнуваат тарифи каде што нема ниту сега”.

Преговорите продолжуваат в понеделник, но досега двете страни не постигнале договор за прашањето за правата за граѓаните на ЕУ и на Велика Британија, финансиското порамнување, ниту за прашањето со границата со Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП