19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУбер ја изгуби лиценцата за Лондон

Убер ја изгуби лиценцата за Лондон

Технолошката транспортна компанија Убер повеќе не ќе може да работи на улиците на Лондон бидејќи британските власти одбиле да ѝ ја обноват лиценцата со образложение дека ѝ недостига корпоративна одговорност во јавната безбедност.

Лондонската управа за транспорт соопшти дека Убер нема да може да организира превоз на улиците на Лондон, кога ќе ѝ истече лиценцата на 30 септември.

„Управата за транспорт заклучи дека Убер Лондон не е погодна да има лиценца за приватен наем“, се наведува во соопштението на управата којашто, меѓудругото, го контролира и такси-превозот на патници.

Управата во образложението навела дека лиценцата ја укинува поради начинот на кој Убер се однесува кон пријавувањето на тешките криминални прекршоци, но и поради тоа што им оневозможиле на регулаторните тела да имаат целосен пристап кон нивната мобилна апликација.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, вели дека ја поддржува одлуката наведувајќи дека службите за превоз на патници мораат да работат според правилата. Убер најави дека ќе се жали на ваквата одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП