24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија, Бугарија, Унгарија, Латвија и Хрватска со најниски плати во ЕУ

Романија, Бугарија, Унгарија, Латвија и Хрватска со најниски плати во ЕУ

Работниците во Романија, Бугарија, Унгарија, Латвија и Хрватска земаат најниски плати во Европската Унија, покажува најновата студија на Европскиот синдикален институт (ЕТУИ).

Студијата исто така утврдила големи разлики во платите меѓу средна/источна Европа и западна Европа во секторите производство, градежништво, како и во јавниот и финансискиот сектор.

Помали разлики во платите има во секторите со пониски плати – прехранбениот сектор, хотелиерството и трговијата на мало.

Конфедералната секретарка во Европската конфедерација на синдикати, Естер Линч, рекла дека трудот во централна и источна Европа се казнува со ниски плати и нагласила дека разликите во платите не може да се објаснат со разликите во трошоците за живот или разликите во работната сила.

„На работниците во тие земји итно треба и заслужуваат да им се зголемат платите. ЕУ и националните влади мора да го поттикнат растот на платите во тие земји“, порачала Линч.

Таа додала дека работниците во северозападна Европа се подобро платени поради поправеден и потранспарентен систем на одредување на платите, кои вклучуваат синдикати и преговори со работодавците, што е клучен фактор за просперитетот и индустрискиот успех на Германија, Австрија, Холандија и нордиските земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП