19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВудворд: „Фејсбук“ и „Амазон“ ќе сакаат стримови за Премиер лигата

Вудворд: „Фејсбук“ и „Амазон“ ќе сакаат стримови за Премиер лигата

Новата ера во најатрактивното фудбалско првенство во светот ќе започне со лицитацијата на интернет-гигантите „Фејсбук“ и „Амазон“ за правата за преноси на натпреварите од Премиер лигата.

Очекувањата на потпретседателот на Манчестер јунајтед, Ед Вудворт, се дека овие интернет-гиганти ќе започнат да лицитираат кон крајот на годината кога ќе се преговара за новите телевизиски права за емитување на натпреварите од Премиер лигата.

Вудворт ова го објавил на кварталниот состанок со менаџерите кои инвестираат во Манчестер јунајтед, на берзата во Њујорк.

Актуелните телевизиски права за кои „Б скај Б“ и БТ во 2016 година платија рекордни 8,4 милијарди фунти важат до 2019 година поради што на наредната лицитација се очекува да се вклучат интернет-гигантите „Фејсбук“ и „Амазон“.

Според Вудворд, тие покажале неверојатно силен интерес за преносите на премиерлигашките натпревари бидејќи лигата на актуелните носители на ТВ-правата им дозволи од наредната сезона да емитуваат и стримови во живо, но само од натпреварите што се играат во работни денови.

„Фејсбук“ и „Амазон“ не ги коментирале изјавите на Видворт, но „Фејсбук“ откри дека на својата платформа планира да започне да емитува спортски преноси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП