20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата во еврозоната може да забележи најсилен квартален раст од 2015-та

Економијата во еврозоната може да забележи најсилен квартален раст од 2015-та

Се очекува дека економијата во еврозоната ќе порасне со најбрзо темпо по повеќе од две години во третиот квартал, по неочекуваниот пораст во септември, објави „Блумберг“.

Индексот „PMI“ на „IHS Markit“, мерејќи ја вкупната деловна активност, се искачи на четиримесечно високо ниво од 56,7 поени од 55,7 во август. Економистите очекуваа неговата вредност да биде 55,6 поени.

И услужниот сектор и производствениот сектор забележаа пораст, достигнувајќи нивоа што не се гледаат повеќе од шест години.

Добрите податоци се должат на силниот септември, според „Markit“, чии прогнози се за економски раст од 0,7% во кварталот. Тоа ќе биде најбрзата стапка на раст од 2015-та година, вели „Блумберг“.

Некои компании се загрижени за силата на еврото, но според „Markit“, валутата досега имаше многу слабо извозно влијание.

Одделни статистички податоци во петокот покажаа подобрувања и во Германија и Франција овој месец, со вкупниот Индекс на менаџери по нарачки „PMI“ во двете земји кој достигна највисоко ниво повеќе од шест години.

Во исто време, се очекува бруто домашниот производ (БДП) да порасне за 2,1% во оваа година, што е за 0,1 процентен поен повисок во однос на август. Ова е осма позитивна ревалоризација во изминатата година.

Европската централна банка (ЕЦБ), исто така, ја зголеми прогнозата овој месец на 2,2%. Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, рече дека проширувањето „продолжува да биде стабилно и широко засновано низ земји и сектори“.

Во меѓувреме, корисниците на еврозоната се најоптимистични за потенцијалните клиенти отколку кога било досега. Ова може да биде индикација дека економијата во регионот најверојатно ќе влезе во својата најсилна година по глобалната финансиска криза.

Од ЕК велат дека индексот на доверба на потрошувачите се зголеми од -1,5 поени во август на -1,2 поени во септември. Ова е највисоко ниво на индексот од 2001-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП