20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа повеќе енергија и подобра концентрација: Шејк со какао

За повеќе енергија и подобра концентрација: Шејк со какао

Доколку чувствувате замор и пад на концентрацијата во текот на работното време, еве сјаен рецепт за вкусен шејк кој ја зголемува енергијата.

За сите оние кои бараа едноставен и здрав рецепт за повеќе енергија, шејкот на база на какао, млеко и путер од кикирики е идеално решение. Поради самите состојки овој шејк ја зголемува будноста и позитивно влијае на нашето расположение. Какаото го поттикнува лачењето на хормонот ендрофин што влијае на човековиот организам давајќи му чувство на задоволство. Исто така, оваа билка со прекрасен мирис го чува кардиоваскуларниот систем.

Од друга страна, млекото од соја содржи незаситени масни киселини па со право се смета за добар регулатор на системот за варење. Третиот клучен елемент на овој шејк – кикириките имаат способност да го намалат холестеролот, да го регулираат нивото на шеќер во крвта, да ја подобрат концентрацијата и ефикасно да ја убијат гладта.

Состојки:

– 1 шолја млеко од соја или немасно млеко

– 1 шолја инстант производ за шејк на база на чоколадо

– 1 лажица какао

– 2 лажици путер од кикирики

– неколку коцки мраз

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро промешајте. Напитокот е готов, на здравје!

Нутритивна вредност:

Калории: 180

Масти: 9 грама

Шеќер : 11 грама

Јаглени хидрати: 17 грама

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП