25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon.com создава 2.000 нови работни места во Њујорк

Amazon.com создава 2.000 нови работни места во Њујорк

Американскиот технолошки гигант „Amazon.com Inc.“ ќе отвори нова голема канцеларија во Њујорк, создавајќи нови 2000 високоплатени работни места, објави „Блумберг“.

Гигантот во електронската трговија, кој веќе има неколку канцеларии низ градот, па ќе го прошири своето присуство со канцеларија од 359.000 квадратни стапки (33.000 квадратни метри) во Менхетен, за кој ќе вработи лица специјализирани во областа на финансиите, продажбата, маркетингот и информатичката технологија со просечни плати од 100.000 долари годишно.

„Amazon“ има намера да вложи во проектот за изградба на својата канцеларија во Менхетн 55 милиони долари, станува јасно од изјавата од канцеларијата на гувернерот Ендрју Куомо. Просторот на Петтата авенија ќе биде главната канцеларија на компанијата во Њујорк, соопшти компанијата за недвижнини на „Brookfield Property Partner’s“.

Веста се случува во позадина на напорите на голем број градови во Северна Америка да го привлечат второто седиште на „Amazon“, инвестиција од 5 милијарди долари, која ветува дека ќе создаде 50.000 работни места и да обезбеди огромна предност за локалната економија. Њујорк веќе официјално се кандидира за домаќин на ова инвестиција и бара предлози од сопственици на земјиште, претприемачи, бизнис-групи и други, за да ги најде најдобрите локации во градот за единствен терен, па така може да понуди неколку места во различни квартови.

„Amazon“ веќе има студио за модната фотографија во Бруклин, центар за исполнување на нарачки во Стејтн Ајленд и административна канцеларија во Менхетн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП