20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche го засилува Spyder 918

Porsche го засилува Spyder 918

spyder

Германскиот производител на спортски автомобили „Porsche“ за во септември го планира официјално деби на „Porsche 918 Spyder“. Според дополнителни информации компанијата ќе ја зголеми моќноста на овој автомобилот, кој требаше да произведува 795 КС.

spyder1

Причината за оваа промена се неодамна претставените модели на конкурентите, „LaFerrari“ и „McLaren P1“ кои генерираат над 900 КС. Па поради тоа инженерите на „Porsche“ ќе го оптимизираат моторот на „Spyder 918“, па така серискиот модел ќе генерира 875 КС и вртежен момент од 1250 Nm.

spyder2

Моќноста дефинитивно ќе биде помала од конкурентите во оваа класа, но вртежен момент ќе биде значително поголем од оној на „P1“ и „LaFerrari“ – 900 Нм.

Според „Porsche“, „Spyder 918“ ќе биде побрз во кривините благодарение на системот за векторска распределба на вртежниот момент и без погон на предната оска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП