25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбамејанг е разочаран што не заминал од Борусија

Обамејанг е разочаран што не заминал од Борусија

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамeјанг, открил дека во летниот преоден рок имал разговори со ПСЖ, Милан и еден кинески клуб.

„На почетокот на јули разговарав со Насер ал Келаифи (ПСЖ), но тие тогаш решија дека јас нема да им бидам потребен. Што се однесува до Милан, тоа ми изгледаше како интересен проект, но поради неколку причини, тој трансфер не се реализира. Заминувањето во Кина ми изгледаше непрофесионално“, рекол Габонецот за Радио Монте Карло.

Најдобриот стрелец во германската Бундеслига во минатата сезона не крие дека е разочаран што не успеал да замине од Дортмунд.

„Се договорив со Борусија, клубот ми дозволи да заминам, но тоа не се случи и јас сум разочаран. Поради тоа, ја разбирам одлуката на Дембеле да замине во Барселона, тоа беше неговиот сон“, рекол Обамејанг.

Репрезентативецот на Габон во тековната сезона веќе има постигнато пет гола, а Борусија е лидер на табелата со максимални 15 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП