29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕнтони сака да замине во Хјустон, но може и во Портланд

Ентони сака да замине во Хјустон, но може и во Портланд

Кармело Ентони по секоја цена сака да го напушти Њујорк и да се пресели во Хјустон, а доколку тоа не му успее, кариерата ќе ја продолжи во Портланд, објавија американските медиуми.

Еден од најдобрите крилни центри во НБА-лигата изрази желба во летниот преоден рок да биде трејдуван во Хјустон каде што прва ѕвезда е Џејмс Харден, а летово му се приклучи племејкерот Крис Пол, меѓутоа тимот од Тексас не може да ги исполни барањата на Њујорк, најмногу поради високата плата од 26 милиони евра, која оваа сезона треба да ја инкасира Ентони.

Поради тоа, се отвора можноста десеткратниот олстар-играч да заврши во тимот на Портланд, објави новинарот на „Фокс спортс“, Џејсон Мекајнтри.

Бековската двојка на Портланд, Демијан Лилард и Си-Џеј Мекалум, е меѓу најдобрите во лигата и со приклучувањето на Ентони рапидно ќе пораснат амбициите на овој клуб.

Сагата за Кармело Ентони, најверојатно, ќе биде завршена до почетокот на наредната недела кога почнува претсезоната во НБА-лигата.

Новата сезона во НБА ќе започне на 18 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП