29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинимално зголемување на кредитите во август

Минимално зголемување на кредитите во август

Во текот на минатиот месец кредитите бележат минимално месечно зголемување. Кај домаќинствата има зголемување од 0,2 отсто, а кај корпоративниот сектор има намалување од 0,2 проценти. Кај домаќинствата најзастапени биле потрошувачките и станбените, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија.

Кредитите во август бележат минимално месечно зголемување од 0,2 отсто, при што кредитниот раст кај домаќинствата го надминува намаленото кредитирање на корпоративниот сектор.

Годишниот кредитен раст кој изнесува 5,1 отсто во најголем дел, односно 89 отсто произлегува од растот на кредитите одобрени кај домаќинствата.

На крајот на август кај вкупните кредити на домаќинствата е евидентиран месечен раст од 0,8 отстои, а годишен раст од 10 отсто. Притоа зголемената месечна и годишна кредитна активност кон домаќинствата во најголем дел е насочена во денарски пласмани со придонес кон растот од 87,8 односно 90,3 отсто.

Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити, Месечниот раст кај потрошувачките изнесува 0,6, кај станбените 1,4 отсто, додека годишниот раст изнесува 12,2 и 14,2 отсто.

Надолен тренд и натаму има кај автомобилските кредити, кај кои месечното намалување изнесува 0,4, а годишниот 9,4 проценти.

Во текот на август кај кредитите одобрени на картички забележале месечен раст од 0,4 отсто, додека на годишно ниво има намалување од 0,7 проценти. Кај негативните салда на тековните сметки овој месец е регистриран месечен раст од 1,3, а годишен од 2,9 отсто, додека кредитите одобрени врз други основи бележат месечно намалуваање од 0,4 отсто при годишен раст од 1,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП