19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО280 милиони долари ќе добијат „кралевите“ од Емирејтс

280 милиони долари ќе добијат „кралевите“ од Емирејтс

Мадридски Реал, откако ги продолжи договорите со Марсело, Карим Бензема, Иско и тренерот Зинедин Зидан, ќе треба да го продолжи спонзорскиот договор со авиокомпанијата „Емирејтс“.

Реал од „Емирејтс“ ќе добие 280 милиони долари во наредните четири години, со што ова станува најголемото спонзорство во историјата на фудбалот. Реал годишно ќе добива по 70 милиони евра.

Оваа сума на годишно ниво е за осум милиони поголема од она што Манчестер јунајтед го добива од „Шевролет“. На третото место е договорот на Барселона и „Ракутен“, кој на Каталонците годишно им носи 59 милиони евра.

Во исто време кога го потпиша договорот со „Емирејтс“, Реал ги започна преговорите и за продолжување на соработката со „Адидас“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП