29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ќе воведе нова „overnight“ каматна стапка

ЕЦБ ќе воведе нова „overnight“ каматна стапка

[yop_poll id=”-3″]

Европската централна банка објави дека планира да објави нова необезбедена „overnight“ каматна стапка за еврото.

Ова ќе биде чекор во глобалните напори на централните банки да развијат алтернативи на „скандалозните“ меѓубанкарски каматни стапки, кои се клучен критериум во секој финансиска систем.

Според податоците на „ЕЦБ“, новата „overnight“ каматна стапка (каматата која се наплатува по салдата од денес за утре) ќе биде воведена пред 2020-та година и ќе служи како дополнување на каматните стапки, определени од приватниот банкарски сектор.

Мерката доаѓа во момент во кој централните банки во целиот свет преземаат поголема контрола врз еднодневните каматни стапки по скандалите со местење на каматните стапки во приватниот сектор.

Така на пример Англиската централна банка објави во јули дека ќе ја извади постепено од употреба Лондонската меѓубанкарска стапка, позната како „Либор“, кој се користи за одредување на цената на заемите и дериватите на глобално ниво за илјади милијарди долари. Сепак, индексот беше сериозно погоден од скандали, откако беше откриено дека голем број водечки комерцијални банки манипулирале со податоците користени за да го одредат.

Во минатиот месец Федералните резерви на САД на јавна расправа претставија три предлози за референтните каматни стапки за компаниите кои ги користат американски државни обврзници како штета за краткорочни заеми.

Водечките каматни стапки во моментов се подложени на длабоки реформи. ЕЦБ одлучи да преземе акција, бидејќи овие каматни стапки имаат важна улога за стабилизирање на договорите за финансиски пазари, објави Централната банка во соопштението за печатот во четвртокот.

ЕЦБ, исто така, забележува дека „највисоките“ параметри на новата каматна стапка ќе бидат доставени до учесниците на пазарот на пари во следната година, а потоа самите учесници на пазарот ќе можат да обезбедат „фидбек“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП