24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер со рекорден приход во првата година од мандатот на Мурињо

Манчестер со рекорден приход во првата година од мандатот на Мурињо

Манчестер јунајтед соопшти дека во првата година од мандатот на Жозе Мурињо остварил рекорден приход од 581,2 милион фунти.

Манчестер јунајтед минатата сезона ги освои Лига купот на Англија и Лига Европа, трофеј што му овозможи да се натпреварува во Лигата на шампионите, а Премиер лигата ја заврши на шесттата позција.

Клубот од „Олд Трафорд“ во првата година од владеењето на Мурињо ги зголемил приходите за 13 отсто.

Манчестер јунајтед во оваа финансиска година прогнозира приход од 575 до 585 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП