25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали кредитниот рејтинг на Кина поради засилените финансиски ризици

S&P го намали кредитниот рејтинг на Кина поради засилените финансиски ризици

Агенцијата Standard&Poor’s (S&P) го намали вчера кредитниот рејтинг на Кина поради ризиците поврзани со растечкиот јавен долг, додавајќи воедно дека долгорочните изгледи за втората светска економија остануваат стабилни. Агенцијата го намали кредитниот рејтинг на Кина од „АА-“ на „А+“.

„Намалувањето на рејтингот ја одразува нашата проценка дека продолжениот период на силен раст на кредитирањето ги зголеми економските и финансиските ризици во Кина“, стои во изјавата на кредитната агенција.

„Иако тој раст на кредити придонесе за силен раст на реалниот БДП и повисоки цени на имотот, сметаме дека сепак до одредена мера ја намали финансиската стабилност“, напоменуваат од S&P.

Кредитната агенција Moody’s уште во мај го намали кинескиот кредитен рејтинг, предупредувајќи на растот на задолженоста во контекст на претпоставеното слабеење на потенцијалниот раст во годините кои следат. Рејтингот за долгорочното задолжување на Кина во домашната и во странски валути е намален тогаш на „А1“ од „Аа3“, додека прогнозата беше подобрена од негативна во стабилна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП