19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВикендов ново прскање против комарци

Викендов ново прскање против комарци

Градот Скопје извести дека авионската и терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци, ќе се одвива овој викенд, како и во текот на следната недела.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје ќе се одвива викендов во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција ќе се одвива од недела до четврток, во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП