19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ членките дадоа зелено светло за нови санкции кон Северна Кореја

ЕУ членките дадоа зелено светло за нови санкции кон Северна Кореја

Сите 28 членки на Европската Унија дадоа зелено светло за усвојување нови санкции за Северна Кореја како одговор за нејзините нуклеарни проби.

Санкциите би требало да содржат целосна забрана на европските фирми да извезуваат нафта во Северна Кореја и да вложуваат во оваа земја.

Со санкциите, исто така, „црната листа“ ќе биде дополнета со нови физички и правни лица од Северна Кореја, што би требало да доведе до замрзнување на нивниот имот во ЕУ и забрана за влез на територија на Унијата.

Формалното усвојување на санкциите би можело да се случи на следниот состанок на европските министри за надворешни работи на 16. октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП