20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно и свежо, максималната температура до 23 степени

Денес променливо облачно и свежо, максималната температура до 23 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно и свежо, со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови на земјата. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 12 степени, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе спушти до 7, а дневната максимална температура ќе достигне до 20 степени.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и благ пораст на дневните температури. Нов влажен бран се очекува во понеделник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП