16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДуото Скиаво-Маркеџиани ќе одржи концерт во Велешкиот театар

Дуото Скиаво-Маркеџиани ќе одржи концерт во Велешкиот театар

На малата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, во вторник, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на светски познатото пијано-дуо Марко Скиаво и Серџо Маркеџиани од Италија. Концертот се реализира во соработка со Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ – Битола.

На програмата на концертот на реномираното дуо се дела од Франц Шуберт, како и интегрална изведба на „Унгарски танци“ од Јоханес Брамс.

Италијанските пијанисти Марко Скиаво и Серџо Маркеџиани се високо ценети од публиката и критичарите за нивната музичка личност, големата експресивност и природност, убавината на звукот, интензитетот и огромната енергија на нивните изведби.

Покрај својата интернационална солистичка кариера, од 2006 година тие настапуваат заедно во целиот свет изведувајќи стотици концерти на најпрестижните места и фестивали вклучувајќи ја „Карнеги Хол“ во Њујорк, „Голденер зал“ во Музиквереин и „Концертхаус“ во Виена, Филхармонијата и „Концертхаус“ во Берлин и други.

Во 2013 година дебитираа и на престижниот фестивал „Равело“ на кој свиреа концерт на Моцарт за две пијана и оркестар К. 365.

Билетите за овој ексклузивен музички концерт се веќе во продажба на билетарницата на театарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП