25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовата сезона за Ѓоковиќ ќе стартува од Австралија

Новата сезона за Ѓоковиќ ќе стартува од Австралија

Новак Ѓоковиќ потврди дека новата сезона ќе ја започне на првиот Гренд слем, отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

Ѓоковиќ во средата во Атина беше гостин на прошталниот натпревар на прославениот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ, каде што одговорил на неколку новинарски прашања.

„Ќе ја почнам сезоната во Австралија, засега редовно тренирам“, рекол Ѓоковиќ.

Изминатите три години тој сезоната ја започнуваше на турнирот во Доха од Серијата 250. На трите последни настапи тој двапати победи во Доха, а на почетокот на годината во овој град ја прекина импресивната серија на Енди Мареј од 28 победи по ред.

Српскиот тенисер, кој поради повреда уште во јули ја заврши сезоната, рекол дека процесот на рехабилитација оди според предвиденото и дека не сака да брза со враќање на терените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП