19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГо претставија најмалиот кросовер на Volvo (фото+видео)

Го претставија најмалиот кросовер на Volvo (фото+видео)

Компанијата „Volvo“ официјално го претстави најмалиот кросовер – „XC40“, кој ќе мора да се натпреварува за клиенти со „BMW X1“ и „Audi Q3“. Премиерата на моделот се одржа на специјален настан во Милано.

Кросоверот е првиот модел на марката, изграден на платформата „CMA“ која Швеѓаните ја создадоа заедно со кинеската компанија „Geely“. Истото шасија ќе биде во основата и на другите модели од серијата 40, вклучувајќи и на оние кои ќе се потпираат на електричен агрегат.

При излегувањето на пазарот „Volvo XC40“ ќе се потпира на два 4-цилиндрични мотори од семејството „Drive-E“ – дизел „D4“ и бензински „T5“. Моќта на првиот е 190 КС, а вториот е 254 КС. Кај поголемиот кросовер „XC60“ бензинскиот мотор се комбинира само со 8-степен автоматски менувач, додека за дизелот се нуди и 6-брзински мануелен менувач.

Со текот на времето, моделот ќе биде достапен и со хибриден погон и со целосно електричен погон. Исто така, ќе има модификација со сосема нов 3-цилиндричен бензински мотор, чии карактеристики се уште се чуваат во тајност.

Во опремата на новиот „XC40“ влегуваат истите асистенти за безбедност, кои претходно ги добија „батковците“ „XC60“ и „XC90“. Станува збор за систем за следење на лентата на движење, функција за приближување на друго возило, систем за преглед во круг, функција за предупредување при возење наназад, а исто така и систем за запирање со можност за препознавање на пешаци и велосипедисти.

Теренецот ќе добие исто така активен крус-контрол „Pilot Assist“, како и мултимедијален систем „Sensus“ со вертикален екран на допир. Ќе има и безкабелен полнач, како и посебно одвоен дел за дебитни, кредитни и друг тип картички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП