19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 нешта на работното место кои го излудуваат речиси секој вработен

10 нешта на работното место кои го излудуваат речиси секој вработен

Резултатите на новото истражување покажаа што е тоа што луѓето на работа најмногу ги нервира, а бесмислените преписки и состаноци, како и непријатните колеги се само дел од листата.

Неодамнешното истражување покажа дека за работниците најнервозо е фалењето на тема деца, досадните колеги кои раскажуваат за здравата исхрана и вежбањето, а на црната листа се и оние кои точно во секунда го напуштаат работното место, како и оние кои однапред неколку месеци го резервираат годишниот одмор.

Сепак, постојат топ 10 нешта на работното место кои го излудуваат речиси секој вработен, а тие се:

– Влученост во бесмислени и ирелевантни меилови

– Клиенти кои повикуваат минута пред крајот на работното време

– Кога компјутерот ќе се блокира

– Клима уредот кој претерано ја лади посторијата

– Печатач кој постојано е расипан

– Колеги кои мирисаат непријатно

– Колеги кои гласно зборуваат на телефонот

– Колеги кои постојано зборуваат

– Колеги кои не ја чистат масата за јадење по употребата

– Очаен колега кој постојано преку рамо ѕирка во вашиот монитор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП