17 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеколку причини кои ќе ве убедат да престанете да јадете виршли

Неколку причини кои ќе ве убедат да престанете да јадете виршли

Дали сакате да јадете хот-дог со многу кечап и сенф? Иако тоа можеби ви годи, на вашето тело воопшто не му годи. Погледнете како виршлите негативно влијаат врз вашиот организам и врз севкупното здравје.

1. Влијаат на создавањето на сало

Виршлите секако не се нешто што би ви го препорачал нутриционист бидејќи имаат многу калории. Во комбинација со бела кифла, додавате уште 100 калории кои директно се претвораат во сало на вашиот стомак.

2. Полни се со соли

Сите видови виршли се полни со натриум и со маснотии. Не постои нешто што може да се смета за здрав хот-дог, не само поради тоа што многу дебелее, туку поради тоа што преку виршлите внесувате големи количества натриум во организмот што воопшто не е здраво.

3. Пилешките виршли воопшто не се поздрави

Ако се определивте за пилешки или мисиркини бидејќи мислите дека имаат помалку маснотии, можеби сте во право, но секако мора да бидете внимателни, бидејќи производителите обично наместо маснотии во виршлите додаваат сол. На пример, виршлите од мисирка имаат 2 гр заситени масти и 99 калории, но имаат 500 мг сол, додека пилешките имаат дури 600 мг сол, што е речиси една третина од препорачаниот дневен внес. Уште ако додадете кечап, мајонез и сенф, количеството на сол уште повеќе се зголемува.

4. Полни се со нитрати

Во виршлите најчесто се додаваат нитрити и нитрати, адитиви кои го продолжуваат рокот на траење на овие намирници. Зголемениот внес на натриум нитрат се поврзува со поголемиот ризик од добивање на рак.

5. Не се од органско потекло

Многу тешко е да се најдат виршли кои се направени од месо од органски одгледувани животни кои не примале антибиотици и хормони.

6. Лоши се за трудниците

Во виршлите често се развива бактеријата листерија која предизвикува создавање на болеста листериоза. Ова заболување може да доведе до спонтан абортус, раѓање на мртво дете, како и до многу други сериозни здравствени проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП