29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon развива очила кои ќе разговараат со корисниците

Amazon развива очила кои ќе разговараат со корисниците

„Amazon“, наводно, развива очила кои ќе работат заедно со гласовниот асистент „Alexa“. Корисниците во било кој момент ќе можат да му поставуваат прашања на дигиталниот асистент – кој моментално е најпознат по звучниците „Echo“ на „Amazon“, т.е. да го замолат да им повика такси, или да извршат некоја било која друга задача.

Паметниот асистент на „Amazon“ ќе се наоѓа во рамките на очилата, а корисниците ќе можат да го слушнат и без слушалки. Уредот малку потсетува на „Google Glass“ очилата, кои многу бргу пропаднаа, бидејќи беа премногу скапи, но и малку чудни, како што ги проценија „мејнстрим“ корисниците.

„Amazon“ оваа идеа ја патентираше уште во 2015-та година, тогаш вклучуваше и стакла кои ќе служат како екрани, т.е. да емитуваат содржини во рамките на видното поле на корисникот. Иако интересот за проширената реалност се зголеми во последните неколку години, очилата од „Amazon“ повеќе ќе се фокусираат на увството на слухот, отколку на видот.

Се очекува дека очилата ќе се појават заедно со надоградбата за „Alexa“, која можеби ќе вклучува и безбедносен систем на домот кој ќе може да се поврзе со интернет, т.е. да работи заедно со „Echo“ звучниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП