23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го задржите вашиот мозок во форма кога сте преплавени со...

Како да го задржите вашиот мозок во форма кога сте преплавени со работа?

Ако се обидувате да го одржите вашиот мозок во форма, заборавете на судоку и крстозбор, постои полесен начин од тоа. Истражувањата покажуваат дека ако го тренирате вашето тело и вашиот мозок ќе биде во форма.

Мозокот како и секое друго ткиво, пропаѓа поради некористење, злоупотреба и старост. Во дваесетите години од животот, дел од мозокот кој е одговорен за учење и паметење почнува да се намалува за околу еден процент годишно.

Експертите наведуваат дека со вежбање можете да го спречите тоа намалување на мозокот и да ја поправите когнитивната флексибилност која е главен елемент за човековата интелигенција.

Сигурно досега сте слушнале дека нервните клетки не се обновуваат, но истражувањата покажуваат поинаку. Тие велат дека вежбањето може да го забави или дури да го промени во обратна насока тој процес на пропаѓање на мозокот. Вежбањето води до создавање нови нервни клетки и ја подобрува нивната ефикасност.

Вежбањето е вистинскиот пример како со еден удар можете да утепате две муви. И вашето тело и вашиот мозок ќе ви бидат благодарни за тоа, а вие ќе бидете исполнети со енергија, нови клетки… и поголема функционалност на мозокот која ќе ја искористите за решавање на повеќето деловни задачи. Затоа, ако сеуште се двоумите, престанете со тоа и започнете со вежбање. Потребни ви се само 30 минути вежбање секој ден, и вашиот мозок ќе биде две години помлад од мозокот на вашите врсници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП