20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit е заинтересиран за евентуално спојување со германската Commerzbank?

UniCredit е заинтересиран за евентуално спојување со германската Commerzbank?

Италијанската банка „UniCredit“ им кажа на властите во Берлин дека размислува за евентуално спојување со државната „Commerzbank“, објави „Ројтерс“, цитирајќи ги двата извори запознаени со ова прашање.

Соединувањето на двете институции ќе создаде една од најголемите европски банки.

Најголемата италијанска банка, која бара потенцијални партнери во Европа, сугерира дека има интерес за договор кој најверојатно ќе биде целосно во акции. Според извори, тој може да биде склучен откако процесот на закрепнување на „UniCredit“ во наредните две години ќе биде завршен.

Раното прикажување на интересот на „UniCredit“ пред германската влада, која поседува 15 отсто од акциите во „Commerzbank“, ги поставува темелите за договор кој може да доведе до едно од најголемите европски прекугранични спојувања.

Акциите на „Commerzbank“ се зголемија за повеќе од 3 отсто во Франкфурт, откако „Ројтерс“ ја објави веста. Оние на „UniCredit“ паднаа за речиси 3 отсто во Милано.

Преговорите на „UniCredit“ со Берлин се во рана фаза, и според изворот запознаен со ова прашање, други групи исто така изразија интерес за „Commerzbank“.

Еден од портпаролите на „UniCredit“ одби да коментира за ова прашање, велејќи дека банката е фокусирана на враќање на успехот, додека „Комерцбанк“ се откажа од било каков коментар.

„„UniCredit“ е во контакт со германското министерство за финансии“, рече еден од изворите. Според неговите зборови, иако владата е отворена за продажба, „Commerzbank“ не покажа интерес за таков чекор.

Портпаролот на Министерството за финансии рече: „Властите контактираа со финансиските инвеститори за голем број прашања“.

„Отсекогаш сме велеле дека владата не сака да го задржи својот удел во „Commerzbank“ засекогаш и сака да види добри резултати од даночниот обврзник“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП