18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно со слаб локален дожд

Денес променливо облачно со слаб локален дожд

Денес во Македонија ќе преовладува променливо облачно време кое ќе биде проследено со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава.

Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува, а повремено засилен ветер ќе дува и во петок.

Дневната температура ќе биде пониска за околу 8 степени.

Минималните температури ќе се движат д 5 до 13 степени, а максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 10 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно и свежо со услови за појава на краткотраен дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено може да засили. Температурата од 11 до 23 степени.

До крајот на викендот наутро ќе биде свежо, преку денот ќе се задржи стабилно, а дневните температури благо ќе се покачуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП