17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловачка донира 1.500 чифта чизми за македонските полицајци

Словачка донира 1.500 чифта чизми за македонските полицајци

Словачка донира 1.500 чифта чизми во вредност од 113.000 евра за полицајците задолжени за заштита на државната граница.

Донацијата ја врачи амбасадорот на Словачка, Мартин Безак.

„Денеска Министерството за внатрешни работи на Словачката Република ни донира 1.500 чифта специјални чизми за македонските полицајци. Нашата успешна соработка трае подолг период и се надградува од ден на ден, а, пред сè, доби интензитет во времето на справувањето со мигрантската криза“, рече министерот Спасовски.

Партнерството меѓу министерствата од двете земји беше интензивирано во изминатиот период со присуството на словачки полициски службеници на територијата на Република Македонија за поуспешен надзор и контрола на државната граница кон Грција. Досега над 200 словачки полицајци учествуваа заедно со македонските полицајци во обезбедувањето на јужната македонска граница. Набргу ќе пристигне и 10. контингент словачки полициски службеници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП