24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBosch работи на намалување на емисијата на штетни гасови

Bosch работи на намалување на емисијата на штетни гасови

boshh

Компанијата „Bosch“ развива нова технологија за бензинските и дизел мотори која ќе помогне да се намали емисијата на издувни гасови за 20 проценти во сите класи на возила. Исто така германската компанија развива и „plug-in“ хибриден погонски систем кој ќе обезбеди домет од 60 поминати километри исклучиво на електрична енергија.

Тие веруваат дека автомобилската индустрија може да ја оствари планираната цел на Европската Унија за просечната емисија на издувни гасови од 95 g/km до 2020-та година.

Автомобилите од помалиот сегмент веќе се на пазарот или треба да се доработат, но „Bosch“ се надева дека и поголемите возила како што се СУВ и семејните модели ќе го фатат потребниот чекор за развој на „plug-in“ технологијата. Моментално преку илјада инженери на компанијата работат на електрификација на погонските агрегати, а до крајот на 2014-та година тие ќе имаат најмалку 30 проекти за сериско производство кои ќе се интегрираат до 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП