25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да привлечете внимание? Како да ве забележат?

Како да привлечете внимание? Како да ве забележат?

Низ разговори често пати слушаме како некои луѓе со исти знаења и вештини подобро успеваат во работата отколку оние со слични карактеристики на нив, подобро се однесуваат кон обврските, имаат поголема плата, се појавуваат на значајни настани и без проблем пронаоѓаат уште подобро работно место.

Дискусијата во вакви случаи најчесто завршува со заклучоците – сигурно се знае со директорот, мајка му работи таму, има врски, подобри познанства, спонзори или харизма.

Тоа може и да е точно, но успешните личности вешто вложуваат во сопствените односи со јавност.

1. Секојдневно однесувајте се и работете онака како што би сакале да ве препознаат луѓето и да ве паметат.

Не правете нешто што би можело да ве доведе во непријатна ситуација или во иднина да се срамите. Да се биде одличен значи да се створат одредени навики.

2. Пофалете го својот напредок и прославете го својот успех со цел да се мотивирате за понатамошен напредок и усовршување.

Често очекуваме мотивација од надредените или од нашата средина, но со оглед на моменталната ситуација, од сите се очекува повеќе самомотивирање.

3. Размислете за односот кон себе. Ако се што правите за себе, без проблем би го направиле и за пријателите – на прав пат сте.

Но, доколку кон себе не се однесувате со почит, не можете да очекувате тоа да го прават другите.

Сетете се дека никогаш не треба да зборувате лошо и да критикувате пред купувачи и колеги.

4. Привлечете внимание така што ќе дадете повеќе од она што се очекува од вас.

Одушевете ги луѓето со тоа што ќе ги надминете нивните очекувања. Бидете подготвени и креативни – само така може да понудите нешто единствено.

5. Научите да ги ислушате соработниците, градете контакти и врски, поставувајте вистински прашања.

Другите го ценат ова, а вие ќе бидете успешни во комуникацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП